Еден од приоритетите на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде засилување на бековските позиции, па многу имиња се поврзуваат со „бјанконерите“.
Ова лето „старата дама“ најверојатно ќе го продаде Алекс Сандро, а како негива замена би можел да пристигне неговиот сонародник од Атлетико Мадрид, Филипе Луиш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Јувентус веќе имало средба со неговиот агент Жорге Мендеш и почнале разговори за трасферот.
32-годишниот Бразилец има договор со Атлетико на уште една сезона, па ова лето ќе биде последна шанса за „јорганџиите“ да заработат од неговата продажба.
Filipe Luis running on grass again! pic.twitter.com/06JIm9CEp2
— AtléticoFans (@AtleticoFans) April 14, 2018