Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ ја доби пресметката против Дончиќ! (ВИДЕО)

Јокиќ ја доби пресметката против Дончиќ! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари.

Големо внимание, барем на овие простори привлекувшае натпреварот помеѓу Денвер и Далас каде е што еден против друг играа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, на крајот се радуваше Србинот. Денвер славеше против Далас со 107:106.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После 47. поени против Атланта Јокиќ натпреварот во Тексас го заврши со 33 поени, 6 скокови и 7 асистенции, дури 21 поен постигна во третата четвртина.

Јокиќ на тој начин го доби дуелот со Словенецот Лука Дончиќ кој беше на чекор од нов трипл-дабл со учинок од 27 поени, 10 асистенции и 9 скока.

Во Далас видовме неизвесен натпревар во текот на сите 38 минути иако домаќините водеа во најголем дел од натпреварот. Маверикс на крајот од првата четвртина стекнаа +10, но Денвер брзо се врати.

Видовме драматична завршница во која Дончиќ пропушти неколку прилики да го реши натпреварот, пред Јокиќ со поените од рекетот да го одлучи победникот.

Тимот од Колорадо сега има скор 26:11, додека Далас е на 23:14

НБА резултати:

Бостон – Сан Антонио 114:129

Шарлот – Торонто 110:122 (пп)

Индијана – Мајами 108:122

Орландо – Вашингтон 123:89

Атланта – Хјустон 115:122

Далас – Денвер 106:107

Њу Орлеанс – Чикаго 123:108

Јута – Њујорк Никси 128:104

Голден Стејт – Милвоки 98:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…