Дома Кошарка Јокиќ станува најплатен во историјата на НБА

Јокиќ станува најплатен во историјата на НБА

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ е на прагот да потпише петгодишен договор со Денвер Нагетс, според кој треба да заработи 241 милион долари!

Јокиќ ќе стане најплатен во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот и така ќе го надмине Јанис Адетокумпо, кој има договор вреден 228,2 милиони долари за пет години, а на трето место е Расел Вестбрук со 206,79 милиони долари.

Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона.

„Новиот договор треба да се потпише летово, а тоа ќе биде продолжување според максималната сума, која Јокиќ ја заслужува со неговите настапи“, откри неговиот агент Ражњатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Звезда со ново раководство во Собранието и зелено светло за преговори со Евролигата

Драган Лончар е избран за претседател на Собранието на Црвена звезда, а Жељко Дрчелиќ доби…