Никола Јокиќ продолжува да игра во фантастична форма во дресот на Денвер.
Утрово српскиот кошаркар испиша историја и за само три четвртини во натпреварот против Мемфис кој заврши со резултат 142:105 во корист на Денвер стигна до трипл-дабл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ за тој период постигна 26 поени, додаде 14 скокови и уште 10 асистенции. Меѓутоа треба да се истакне дека сето тоа му успеа без ниту едно промашување.
Имаше Јокиќ 11/11 за шут од игра, а во нив 3/3 од линијата за слободни фрлања и една тројка.
За Јокиќ ова беше третпат во кариерата да стигне до вакво достигнување со што го прескокна легендарниот Вилт Чембрлен.
All-Star combo ⭐️
— Denver Nuggets (@nuggets) December 29, 2023
Vote: https://t.co/EofCiiUBKf pic.twitter.com/ZShetYBhUF