Натпреварот против Оклахома, Никола Јокиќ сигурно ќе го памети како еден од најдобрите во кариерата.
Јокиќ во овој натпревар стигна до учинок од 29 поени, 13 скокови и 14 асистенции, а онаа последната како што кажува самиот сигурно една од најдобрите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Игравме добро во одбраната. Мислам дека Расел малку заспа, па Гери имаше прилика да се ослободи и да погоди. Ова сигурно е една од најдобрите асистенции во мојот живот“ изјави Јокиќ.
После погодениот шут следуваше вистинска еуфорија, некои навивачи на Денвер влегоа и на теренот.
„Ова беше важна победа бидејќи дојде после два тешки порази во кои промашувавме во последните моменти, немавме среќа иако игравме добро. Сега погодивме и тоа е навистина важно, беше лудо, атмосферата беше фантастична“, додаде Србинот.
И самиот Херис беше воодушевен од додавањето кое го доби.
„Џокер одлично ме пронајде. Ми даде шанса да имам добар поглед на кошот. Се чуствував одлично и знаев дека ќе влезе“.