Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ го доби МВП дуелот, Кари роденденски расположен, Таунс постигна 60 поени 🎥

Јокиќ го доби МВП дуелот, Кари роденденски расположен, Таунс постигна 60 поени 🎥

Стеф Кари долго ќе го памети својот 34. роденден, неверојатниот шутер одигра натпревар за паметење против Вашингтон во кој Голден Стејт (126:112) стигна до победата.

Кари го заврши натпрвеарот за Вориорси со 47 постигнати поени, погодуваше од секаде на теренот. Меѓутоа треба да се спомене дека овие 47 поени на Кари не се ниту во топ 3 ефекти кога станува збор за роденденски натпревар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На врвот на оваа листа се наоѓа Шекил О’Нил со 61 поен на 28. роденден, Доминик Вилкинс со 53 поени на 27. роденден, а Леброн Џејмс постигна 48 поени на неговиот 25. роденден.

Денвер славеше против Филаделфија, а овој дуел донесе и судир на двајцата главни МВП кандидати Никола Јокиќ и Џоел Ембид. На крајот се радуваше српскиот кошаркар затоа што Денвер победи со 110:114. Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени, 13 скокови и 8 асистенции. Ембид на спротивната страна уфрли 34 поени и додаде уште девет скокови.

Не треба да се изостави и фантастичната вечер на Карл Ентони Таус кој постигна 60 поени во победата на Минесота против Сан Антонио. Покрај страшната поентерска вечер Таус додаде и уште 17 скокови. Интересно е што во последните неколку дена дури четворица кошаркари во НБА ја поминаа границата од 50 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Л.А. Клиперс 120:111 по прод.

Атланта – Портланд 122:113

Филаделфија – Денвер 110:114

Оклахома – Шарлот 116:134

Сан Антонио – Минесота 139:149

Голден Стејт – Вашингтон 126:112

Сакраменто – Чикаго 112:103

Јута – Милвоки 117:111

Л.А. Лејкерс -Торонто 103:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…