Српскиот напаѓач Лука Јовиќ пред две години стигна во Реал Мадрид како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
Јовиќ во првата сезона во Мадрид одигра 27 меча и постигна само два гола, а последните шест месеци ги помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
23-годишниот напаѓач ги почна припремите со Реал, но не е јасно дали ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“ или ќе оди на нова позајмица.
„Мојот приоритет е да сум во квалитетна лига и да играм. Во претходниот период повеќе бев на трибини, отколку на терен. Доколку повторно заминам, се надевам дека тоа ќе биде некаде каде што ќе го препознаат мојот квалитет и ќе бидам во стартниот состав“, вели Јовиќ.
„Сакам на сите да им докажам дека не дојдов случајно во Реал. Се уште не сум разговарал со Анчелоти за својот статус во тимот. Во ваков клуб играте со големи шампиони и секој ден учам нешто ново“, додаде Јовиќ.