Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ во јануари би можел да се пресели во Премиер лигата во дресот на Лестер, пренесуваат медиумите на Островот.
Србинот не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“, па и самиот е спремен да ја промени средината, а Лестер сака да ја искористи таквата ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лисиците“ ќе испратат понуда за позајмица на Србинот до крајот на сезоната со можност за откуп следното лето.
Со оглед на фактот дека Јовиќ се помалку добива шанса кај Зидан, голема е веројатноста Реал да ја прифати оваа понуда.