Фудбалерот на Монако, Стеван Јоветиќ има многу проблеми со повреди оваа сезона, па е надвор од терените уште од октомври.
Сепак, денес се појави информација дека за црногорскиот репрезентативец е заинтересирана Рома која сака да го донесе на „Олимпико“ во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Волчицата“ оваа сезона не игра на своето ниво во Серија А и сака да го засили тимот во јануари, а во Јоветиќ гледаат идеално засилување во нападот.
Од дрига страна Тиери Анри сака во јануари да направи реконструкција на тимот, па Јоветиќ не е во неговите планови и клубот од „кнежевството“ веќе му ја отвори излезната врата.
Рома наводно сака да го донесе напаѓачот на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.