Дома Фудбал Јасно и во Шпанија: Ова се осминафиналистите од вечерашните дуели

Јасно и во Шпанија: Ова се осминафиналистите од вечерашните дуели

Севиља денес немаше проблеми, поведоа со голот на Сараби во 25. минута, а десет минути подона Коре зголеми на 2:0.

Домаќинот беше инфериорен во однос на гостите во текот на целиот меч, па на крајот славеа со конечни 3:0.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Малага испадна од Нуманси, што е изненадувачки. Ресио ја доведе Малага во предност, но домашниот состав не се предаде до самиот крај.

Се играше продолжението, Начо успеа да изедначи на 1:1, а победата ја зацрта Ескаси во 95. минута од мечот.

Алавес стигна до пласман во следната фаза на Купот, а стрелец на единствениот гол беше Сантос во 87. минута.

Валенсија продолжи со добрите резултати, по одличните резултати во рамки на Примера, успеаа да се пласираат и во осминафиналето од Купот на Кралевите.

Беше неизвесно се до самиот крај против Сарагоса, а Родриго им донесе предност на гостите во 81. минута. Парехо од пенал успеа да ја потврди победата за Валенсија.

Бетис славеше против Кадиз со 1:2, а Барселона немаше никакви проблеми против Мурси. Во изменетиот состав на Барселона, Ернесто Валверде комбинираше, а се испостави дека тоа е добар избор.

Пако Алкасер успеа да постигне погодок во 44. минута, а Делофеу вов52. минута го реши прашањето за победникот. Конечните 0:3 ги постави Арнаиз Диаз Хозе Мануел само неколку минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…