Jaнко Типсаревиќ донесе важна животна одлука.
Еден од најдобрите српски тенисери на сите времиња, Јанко Типсаревиќ одлучи да стави крај на активното играње тенис по крајот на оваа сезона.
Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Тој се огласи на друштвените мрежи и порача дека е време за крај.
„Тоа беа прекрасни 16 години. После голема потрага за душата и мислење што е најдобро за мене во овој стадиум од животот и што ме прави среќе одлучив да се повлечам од тенисот. Нема да напишам срцепарателен говор каде што сите ќе плачете, бидејќи имам се уште тенис во себе. После УС Опен следната недела и неколку АТП турнири моето последно натпреварување ќе биде Дејвис Купот во Мадрид“
„Во наредните години мојот фокус ќе биде на семејството, тениската академија и водењето тренинзи во странство неколку недели во текот на огдините. Ви благодарам на поддршката“, напиша Типсаревиќ во соопштението.