Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ги разгневил некои од главните играчи на тимот со коментарите после мечот со Саутемптон.
Конте отворено ги нападна фудбалерите дека немаат карактер и дека се себични, а упати критики и до сопственикот на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конте смета дека токму тоа е причина за недостатокот на титули, па неговите зборови предизвикаа „лавина“ во сите структури на клубот.
Според англиските медиуми фудбалерите знаат дека следната сезона ќе имаат нов менаџер, но некои од ѕвездите сакаат Конте да добие отказ веднаш. Следниот меч Тотенхем го игра на 3-ти април против Евертон, па репрезентативната пауза е идеална за тренерска смена.
Последната одлука секако е на претседателот Даниел Леви, кој треба да одлучи дали да ја заврши сезоната со Конте на кормилото или веднаш да му врачи отказ.
Бордот на директори побарал објаснување од Конте, па во наредните денови ќе биде донесена одлука да неговата иднина.