Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Челзи се уште не избрал: Англија или Нигерија?

Ѕвездата на Челзи се уште не избрал: Англија или Нигерија?

Новиот „бисер“ на Челзи, Тами Абрахам не ја исклучува можноста да игра за нигериската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот напаѓач веќе запиша два настапи за англиската репрезентација, но тоа беа пријателски натпревари против Бразил и Германија во 2017 година.

„Слушнав информации од медиумите кои ме поврзуваат со Нигерија. Вистината е што не сум размислувал на таа тема. Кога ќе дојде време ќе одлучам, ништо не е исклучено“, изјави Абрахам.

Абрахам оваа сезона доби шанса од Лампард во Челзи и е вистински хит во Премиер лигата.

Тој во првите пет кола постигна седум гола и заедно со Агуеро е прв стрелец во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред полуфиналето со Англија

ФИФА го прифати посебното барање на фудбалската репрезентација на Аргентина пред полуфинал…