Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане се очекува наскоро да го напушти „Етихад“.
Сане го пропушти досегашниот дел од сезоната поради повреда на лигаментите на коленото, се очекува да се врати на терените во февруари, но медиумите тврдат дека тој веќе размислува за трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатото лето Сане долго време се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, кој и понатаму е заинтересиран за гермнаскиот репрезентативец.
Сане има договор со „граѓаните“ до 2021 година, на лето ќе влезе во последната година од договорот и не сака да ја продолжи соработката.
Сега од Островот пристигна вест дека Сане го отпуштил својот менаџер, и ќе ангажира нов кој ќе го забрза неговиот трансфер на „Алијанц Арената“.
Баерн не го крие интересот за Германецот, а Сити на лето ќе биде ставен пред „свршен чин“.