Дома Трансфер зона Ѕвездата на Салцбург ја одби Барселона поради Дортмунд

Ѕвездата на Салцбург ја одби Барселона поради Дортмунд

Младата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми е спремен да ја одбие Барселона за да се пресели во Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Адејеми веќе дебитираше за германската репрезентација и му се предвидува блескава иднина.

Најсилен интерес за него покажува Барселона, но тој е спремен да ја одбие понудата на Каталонците бидејќи не гледа перспективен проект и смета дека нема добро да се развива на „Камп Ноу“.

Тој преферира преселба во Борусија Дортмунд, бидејќи смета дека тоа е идеално место за развој на млади играчи.

„Милионерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…