Дома Трансфер зона Ѕвездата на Реал призна: Сакам да игра во Премиер лигата

Ѕвездата на Реал призна: Сакам да игра во Премиер лигата

Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Дани Карвахал призна дека еден ден сака да заигра во Премиер лигата.

Карвахал потекнува од школата на Реал Мадрид, но има искуство во Бундеслигата каде помина едно година на позајмица.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После враќањето на „Сантиаго Бернабеу“ се наметна како еден од клучните фудбалери на Реал Мадрид, но сепак призна дека размислува за кариера во Англија.

„Да, размислувам за нов предизвик. Сакам да играм во Премиер лигата. Тоа е доживување кое навистина сакам да го искусам. Но, од друга страна сакам да ја поминам целата кариера во Реал, што би било фантастично“, изјави Карвахал.

„Вистина е дека во Катар и Кина се заработува многу, не треба да се лажеме. Но јас би сакал да се пробам во Премиер лигата“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…