Раководството на Наполи го договори доаѓање на Карло Анчелоти на клупата и веднаш почна да работи на летните засилувања.
„Спортиталија“ пренесува дека првото засилување за Наполитанците ќе биде ѕвездата на Милан, Сусо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сусо изминатите две сезони се етаблираше во еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Серија А, па тоја сигурно ќе биде голем удар за „росонерите“.
Италијанските медиуми тврдат дека Наполи стапил во контакт со неговиот менаџер и веќе постигнал договор, па во следните денови ќе ја активира откупната клаузула.
Сусо во договорот со Милан има откупна клаузула од 40 милиони евра, која Наполи е спремен да ја плати.