Франк Кеси е еден од најважните фудбалери во тимот на Џенаро Гатузо, но неговата изјава за Манчестер Јунајтед ги загрижи навивачите на италијанскиот гигант.
Кеси е вистински „војник“ на теренот и затоа медиумите го споредуваат токму со Џенаро Гатузо. Меѓутоа во англиските медиуми деновиве се појави негова изјава каде вели дека неговиот сон е „да заигра за Манчестер Јунајтед“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, од миланскиот клуб веднаш се огласија и потврдија дека Кеси никогаш не дал интервју за англиските медиуми и дека таа изјава датира од времето кога беше играч на Аталанта.
21-годишниот Кеси минатото лето пристигна од Аталанта за сума од 28 милиони евра и веднаш почна да ги оправдува вложените средства.