Иако Манчестер Сити вчера одигра одличен натпревар во рамките од третото коло во Лигата на шампионите против Наполи и на крајот славеше со 2:1 на полувремето камерите „уловија“ расправија помеѓу ѕвездите на овој клуб.
Кевин Де Брујн и Давид Силва имаа расправа на која неколку моменти подоцна и се приклучи и Фернандињо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Силва и Фернадињо го спречиле Де Брујн да влезе во жестока расправија со четвртиот судија.
Денес за медиумите во Англија по повод овој инцидент зборуваше Де Брујн.
„Само имавме мала расправа. За една минута се беше готово и заборавено. Исто така понекогаш знам да се расправам и со сопругата. Претпоставувам и вие. Понекогаш едноставно мораме да постапиме така. Ова, навистина беше ситница. Сакав нешто да го прашам четвртиот судија, а моите соиграчи не ми дозволија. Тоа не е нешто на кое треба да му се дава големо внимание, едноставно понекогаш се случува“, изјави Де Брујн.