Дома Трансфер зона Ѕвездата на Бешикташ пред трансфер на „Олд Трафорд“

Ѕвездата на Бешикташ пред трансфер на „Олд Трафорд“

Играчот за врска Андерсон Талиска моментално игра во Бешикташ како позајменн фудбалер од Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Талиска оваа сезона на 36 натпревари постигна 16 гола и запиша четири асистенци, а португалските медиуми пренсуваат дека е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

„А Бола“ тврди дека „црвените ѓаволи“ се многу блиску да постигнат договор со Бенфика околу трансферот на Талиска, кој би требало да „тежи“ 35 милиони фунти.

Менаџер на Талиска е познатиот агент Жорге Мендеш, па фудбалерот сигурно нема да има проблеми да постигне договор со Манчестер Јунајтед.

Покрај Јунајтед, за него беа заинтересирани и други клубови од Премиер лигата, но „црвените ѓаволи“ се најконкретни и ја победија конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…