Милан има нов Пипо Инзаги и идол на навивачите на клубот од „Сан Сиро“. Станува збор за 20-годишниот Патрик Кутроне кој е најголемо откритие оваа сезона не само за Милан туку и во цела Серија А.
Кутроне, кој е роден 3-ти јануари 1998 година во Комо оваа сезона игра фантастично и веќе постигна 13 гола во сите натпреварувања и запиша три асистенции. Во својата дебитантска сезона до сега одигра 1630 минути, што значи дека ги тресе межите на секои 125 милинути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој синоќа против Лудогорец во Лига Европа постигна еден гол и над него беше направен пенал. Со тоа само ја продолжи одличната серија, бидејќи на последните четири меча има исто толку голови и една асистенција.
Интересно, Кутроне сам постигна повеќе голови оваа сезона од Калиниќ и Силва заедно. Двајцата напаѓачи пристигнаа во Милан ова лето за вкупна сума од 65 милиони евра, а вкупно имаат постигнато 12 гола во сите натпреварувања.
Од играчите до 20 години во цела Европа само Килијан Мбапе има постигнато повеќе голови од него. Французинот има постигнато 15, односно два повеќе од Кутроне.
Кутроне денес е на насловните страни на сите италијански медиуми кои едногласно го споредуваат со Пипо Инзаги и тврдат – „Ѕвездата е родена“.