Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот второлигаш Оуренсе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за екипа од „ЛЕБ оро“ лигата, добро позната за 30-годишниот Ѓуроски, кој веќе има искуство со настапи во оваа конкуренција како играч на Хуеска, Mелила и Аликанте.
Ѓуроски овој преоден рок имаше неколку понуди, а на крајот се одлучи да ѝ се приклучи на екипата на Оуренсе и да се врати на Пиринеите.
Ѓуроски вчера во стартната победа на Македонија во претквалификациите за Евробаскет 2025 придонесе со десет поени, додавајќи два скока и три асистенции.