Поранешниот македонски репрезентативец и тренер Милко Ѓуровски имаше интервју за холандските медиуми во кое зборуваше за интересни работи.
Ѓуровски освен за неговото минато зборуваше и за денешниот фудбал и парите кои стануваат се поважен фактор во овој спорт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Парите никогаш не ми биле приоритет. Ниту додека играв, ниту пак сега. Што ако Кристиано Роналдо има 300 милиони евра на сметка кога не може да седне во кафуле и никој да не му пречи. Уживам во слободата. Тоа е мојот живот. Така живеам сега, така живеев и додека играв, без разлика дали станува збор за Југославија или Холандија. Секој месец ги добивам тие 400 евра за освојувањето на бронза. Но, освен тоа што фудбалот ми донел во материјална смисла? Ништо“, изјави Ѓуровски и продолжи:
„Бев шампион со Звезда и Партизан, постигнував голови, но дали мислите дека некој од претседателите на овие клубови ме бара и ме прашува: Милко, како си? Дали ти се потребни пари? Никој не контактира со мене. Немам проблеми, само сакам да објаснам како стојат работите“.
Ѓуровски во овој момент живее во Марибор со сопругата и токму таму ги пречека новинарите од Холандија.
„Живеам со сопругата Андреа. Рано станувам, пиеме кафе или чај, таа оди на работа, а ја во кафуле. Повторно на кафе или чај. Од едното кафуле потоа одам во друго, повторно на топол напиток и се враќам дома. Никаде не брзам. Гледам телвизија. Кога Андреа ќе се врати од работа обично нешто готви. Во 19 часот гледаме вести и повторно пиеме кафе. Потоа филм и одам на спиење. Уморен сум…Станувам секое утро во шест наутро и се така од почеток. Чај или кафе. Во Марибор секој ден е сличен на претходниот“.
„Тоа е проблемот. Досадно е…Убав е градот, но за оние кои имаат по 70 години. Едвај чекам да одам на Тајланд во посета на синот и да побегнам од рутината. Добро е што Марио не игра во овие земји, бидејќи секогаш би го споредувале со мене, тоа не е во ред. Прво затоа што не сме ист тип на играчи. Тој е играч за врска, јас бев напаѓач“, изјави помеѓу другото Ѓуровски.