Дома Македонски спорт Ѓорческа се пласираше во третото коло на фјучерсот во Чешка

Ѓорческа се пласираше во третото коло на фјучерсот во Чешка

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во 3.коло на фјучрсот што се игра во чешкиот град Рикани. Таа во првото коло беше слободна бидејќи е рангирана како носител број 4 на фјучрсот што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Во денешниот меч од второто коло Ѓорческа ја совлада Ангелина Вирџес од Германија со 2-0 во сетови (64 62) за 1 час и 19 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот сет почна со водство на тенисерка од Германија која поведе со 2:0 и 3:1, но потоа следуваше серија од четири гема на Ѓорческа, по мои го доби сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет по 2:2 во гемови македонската тенисерка имаше повторно серија од четири гема за 6:2 во вториот сет и пласман во третото коло.

Нејзина противничка ќе и биде Романката Габриела Ли (27 години, 384 место ВТА), која лани на 1.август го имала својот најдобар пласман 136 место, а во претходните две кола ги победила: Алина Чараева од Русија 2-1 во сетови (прво коло) и Николина Бартункова од Чешка 2-0 во сетови (второ коло).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…