Дома Македонски спорт Ѓорческа до полуфинале во Грција, Калин во Шпанија запрен во четвртфиналето

Ѓорческа до полуфинале во Грција, Калин во Шпанија запрен во четвртфиналето

Калин Ивановски беше елиминиран во Мадрид, но Лина Ѓорческа се пласираше помеѓу најдобрите четири на турнирот во Грција, Ираклион.

Денес Ѓорческа беше подобра од Италијанката Софија Рочети. Македонската тенисерка фуриозно го започна мечот и во првиот сет на противничката и дозволи само еден гем. Вториот сет беше нешто понеизвесно меѓутоа Горческа повторно славеше со резултат 6:4.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


За место во финалето Ѓорческа ќе игра против Бјанка Булгару која е шеста носителка на турнирот. Булгари Ѓорческа ја победи пред неколку дена во финалето на турнирот во Крит.

Калин Ивановски, остана без пласман во полуфиналето на турнирот од фјучерс-серијата во Мадрид, откако во денешното четврт-финале во два сета загуби во пресметката со домашниот претставник Жорда Санчиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…