Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес се врати во Белград после сагата во Австралија.
Мајката на српскиот тенисер, Дијана Ѓоковиќ истакна дека Новак нема да дава изјави за медиумите во наредните денови. Ѓоковиќ на аеродромот во Белград слета денес во 12:16 часот со летот од Дубаи каде што допатува од Мелбурн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ на аеродромот го дочекаа бројни навивачи и новинари, меѓутоа тој брзо помина покрај нив без да застанува. Останува да се види како ќе изгледа целата сезона на Ѓоковиќ затоа што има се повеќе турнири на кои невакцинирани нема да можат да настапат.