Новак Ѓоковиќ денес го победи Зверев и се палсираше во полуфиналето на Австралија Опен.
Српскиот ас успеа да се справи со тешките моменти и на фантастичен начин стигна до победата. За Новак е посебно неверојатно што успеа да има повеќе асови (23:21) од еден од најдобрите сервери во тенисот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Самото влегување во мечот беше бавно, имав чувство како уште да се загревам. Беше неизвесно во завршницата од првиот сет. Екстремно добро сервирав во другиот сет на крајот имав повеќе асови што е вистинско чудо ако се знае кој е Саша Зверев. Во последните удари беше изедначено, притисокот за двајцата беше голем. Преживеав после голема борба. Саша немаше среќа во овој меч. Му посакувам многу среќа во продолжение од сезоната“, изјави Ѓоковиќ.