Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Тешко може да се избере кој од мене, Надал и Федерер е подобар

Ѓоковиќ: Тешко може да се избере кој од мене, Надал и Федерер е подобар

На УС Опен во Њујорк Новак Ѓоковиќ е единствениот претставник од т.н „голема тројка“ со Надал и Роџер Федерер.

Многумина го сметаат Ѓоковиќ за најдобар на сите времиња, па новинарите му го поставија тоа прашање.

„Тешко може да се избере кој од нас тројца е подобар. Сите сме различни и со свој стил на игра. Некој е подобар на една подлога, друг на друга. Тоа носи голема дебата кај навивачите, како и да е сигурен сум дека нашето ривалство е одлично за спортот“, изјави Ѓоковиќ.

Во овој момент тројцата имаат по 20 Грен слем титули Ѓоковиќ ако успее да триумфира на УС Опен ќе застане осамен на врвот во оваа категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа сигурна на стартот во Анталија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна победа го започна настапот на Чел…