Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи откако во два сета го совлада Хуберт Хуркач со 6:3 и 7:5.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не му беше лесно на Ѓоковиќ како во претходното коло, но сепак дојде до победата. Се доби впечаток дека Новак одигра токму колку што му е потребно за да слави. Против 11-тиот тнисер во свет Ѓоковиќ до победата дојде за 80 минути.
Она што посебно може да го радува Ѓоковиќ е што добро сервираше. Во целиот меч не дозволи ниту една брејк топка и требаше само да ги искористи своите шанси.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Борна Чориќ и Данил Медведев.