Новак Ѓоковиќ го победи Александар Зверев пред својата публика во Белград, но не успеа да се пласира во финалето на „Адриа Купот“.
Ѓоковиќ го организираше хуманитарниот настан кој се одржа викендов во Белград, а играњето пред своја публика го доживеа емотивно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После мечот Ноле се расплака бидејќи се потсетил на детството и своите почетоци.
„Беше емотивно последните неколку дена, сакам да се заблагодарам на сите кои го поддржија ова натпреварување и на сите кои дојдоа. Не плачам за поразите и за финалето, туку имам некој наплив на емоции и се потсетив на детството“, вели Ѓоковиќ.