Дома Тенис Ѓоковиќ само три недели го делат од големиот рекорд на Федерер

Ѓоковиќ само три недели го делат од големиот рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ изгледа ќе стисне заби и ќе издржи до крај на Австралија Опен.

Светскиот рекет број еден ја започна 308. недела како што е прв на АТП листата и уште две му недостасуваат да го изедначи, а уште три да го собори рекордот кој го држи Роџер Федерер.

Ѓоковиќ во тениската историја како тенисер кој најдолго бил лидер на АТП листата ќе влезе на 8. март, а тој ден после долгата пауза Федерер ќе се врати на теренот. Швајцарецот е предалеку од вистинска шанса повторно да се врати на првото место за брзо време и да продолжи каде што застана, 310 недели на првата позиција.

Новак од поодамна призна дека овој рекорд е во неговите мисли и има голема желба да ги сруши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…