Oткако Новак Ѓоковиќ се жалеше на укинувањето на визата и забраната за престој во Австралија федералниот суд во Мелбурн одлучи да го разгледа целиот случај.
Ѓоковиќ сега престојнува во еден од имигрантските хотели и таму ќе остане во следните три дена, додека не биде донесена конечна одлука. Адвокатите на Ѓоковиќ треба да достават докази до сабота попладне.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите пишуваат и дека Ѓоковиќ може да добие казна од три години забрана за влез во Австралија.
„Доказите доставени од Ѓоковиќ после пристигнувањето во Австралија беа слаби и поддржани само од еден лекар“, пренесуваат австралиските медиуми.