Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера доживеа шокантен пораз од Лоренцо Сонего во четвртфиналето од мечот на турнирот во Виена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ на прес-конференција истакна дека ова било чуден ден за него во кој не бил премногу мотивиран за игра, меѓутоа потенцираше дека го остварил она по кое дошол (пласман во четвртфиналето за да остане прв на АТП листата до крајот на годината).
„Да бидам искрен и не ми се играше премногу. Едноставно не бев мотивиран, го одработив она што го сакав и поради кое дојдов тука. Навистина чуден ден. Тоа е што е. Пордолжувам понатаму. Сега ќе бидам со семејството, се враќам во Србија и се радувам на тоа. Потоа ќе се спремам за Лондон и ќе се обидам таму да бидам на највисоко ниво“, изјави Ѓоковиќ.