Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос направи фантастичен гест 🎥

Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос направи фантастичен гест 🎥

Во финалниот дуел на престижниот Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стефанос Циципас и ја освои „земјата“ во Франција. После завршувањето на тенискиот дуел, се случи една од најубавите приказни во историјата на овој реномиран тениски турнир.

Откако ја запечати победата на теренот, рекетот со кој ја освои својата 19. Грен Слем титула, Новак Ѓоковиќ му го подари на едно момче кое со неверување и воодушевување го прими подарокот од тенискиот ас.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Цело време го слушав тоа дете, но навистина не го знам кое е. Ме бодреше и кога губев 2:0 во сетови. Дури ми даваше и совети за време на мечот, како тренер. Тој беше најдобриот избор. Сакав после мечот да му го подарам рекетот, бидејќи ме поддржуваше за време на целата игра“, изјваи Ѓоковиќ на прашање кое е детето на кое му го даде рекетот на прес-конференцијата после дуелот.

Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос направи вистински подвиг, откако губеше со 2:0 во сетови. Циципас, за кого ова беше прво Грен Слем финале, го доби првиот сет со 7:6 и вториот со 6:2. Но, Ѓоковиќ се врати и ги доби следните три сета со 6:3, 6:2 и 6:4. За Ѓоковиќ ова е втора победа на парискиот Грен Слем, после онаа во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…