Новак Ѓоковиќ со пресврт го совлада Ласло Ѓере со 3:2 во сетови и се пласираше во осминафиналето на УС Опен каде ќе игра против хрватскиот претставник Борна Гоја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ, кој се врати на првото место на АТП-листата, ги загуби првите два сета со 6:4, па во продолжението успеа да победи. Третиот и четвртиот сет ги доби со 6:1, а последниот сет 6:3.
Иако на импресивен начин се врати во мечот, Ѓоковиќ на почетокот од четвртиот сет му се развика на тренерот и поранешен хрватски тенисер Горан Иванишевиќ.
“Па, кажи бре!” „урлаше“ Ѓоковиќ, што јасно се слушна во телевизискиот пренос. Камерата потоа покажа на Иванишевиќ, кој седеше мирно.
— Ricardo Kaka (@rikardons) September 2, 2023