Новак Ѓоковиќ ја почна својата 276. недела на врвот на АТП-листата. Србинот го презеде врвот од Рафаел Надал откако вчера ја одбрани титулата на „Австралија Опен“.
Ѓоковиќ по петти пат во кариерата се враќа на ова место, а денес ја започнува својата 267 недела како прв рекет на АТП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Српскиот тенисер е трет на вечната листа според бројот на недели минати на врвот на АТП-листата, пред него се Пит Сампрас на второто и Роџер Федерер на првото место.
Роџер Федерер остана на третото место со 7.130 поени, а на четвртата позиција е финалистот во Мелбурн, Доминик Тим, со 7.045 поени. Австриецот од четвртото место го истисна Данил Медведев, кој има 5.960 поени. Потоа следуваат Циципас, Зверев, Беретини, Монфис и Гофин кој ја заокружува најдобрата десетка.