Дома Останати Ѓоковиќ нема да може да ја брани тутулата во Австралија?

Ѓоковиќ нема да може да ја брани тутулата во Австралија?

Светските медиуми шпекулираат дека Австријалн опен најверојатно нема да се одржи следната година, или доколку се одржи, тогаш ќе биде поразличен од тоа што сме навикнати да го гледаме, поради пандемијата со коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите напори се направени за тениската сезона да продолжи што е можно побрзо, а потоа и да се заврши, но Австралија би можела да направи проблем.

Тамошните медиуми објавија дека властите забраниле влез на странци во земјата и напуштање на континетот на своите државјани до 2022 година.

Тоа значи дека ниту спортистите нема да може да влегуваат во земјата, но ниту тенисерите и тенисерките кои играат за Австралија нема да може да го напуштат континентот.

Првиот човек на австралискиот тенис Крег Тајли им упати предупредување на властите дека со оваа одлука турнирот едноставно нема да може да се одржи.

„Мораме да знаеме следните две недели до еден месец дали границите ќе се отворат и дали ќе можеме да го организираме турнирот. Ако тоа не е возможно, не знам што ќе правиме“, изјави Тајли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го следи неверојатна традиција, ако се повтори и сега – ќе го освои Вимблдон!

По поразот во раната фаза на Ролан Гарос, каде што во третото коло беше изненаден од млади…