Дома Тенис Ѓоковиќ лесно до второто коло на Австралија Опен

Ѓоковиќ лесно до второто коло на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ лесно ја помина првата пречка на Австралија Опен.

Светскиот рекет број еден одигра доминантен меч и нешто повеќе од час и половина го победи Џереми Шарди од Франција (6:3, 6:1, 6:2). Уште во првиот гем Новак се избори за брејк предност, а до крајот ја потврди со уште еден гем на противнички сервис. Работите не се променија и во вториот сет. Дури на 5:0 Новак му препушти еден гем на Шарди, а веќе во следниот имаше 2:0. Петот сет го доби со 6:2 и така се пласираше во второто коло.

Победа во три сета запиша и Кирјос над Фереира Силва (6:4, 6:4, 6:4). Домашниот тенисер Томиќ обезбеди второ коло откако Јапонецот Сугита при 1:1 го предаде мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…