Новак Ѓоковиќ иако повреден и со болки не дозволи изненадување на Австралија Опен и со 3:2 го победи Тејлор Фриц за пласман во осминафинале.
Првиот светски рекет имаше водство од два сета, но потоа се повреди и се жалеше на голема бока во ребрата. Побара медицинска помош, но јасно беше дека игра со последните сили.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа го искористи Флиц и ги освои наредните два сета со 6:3 и 6:4, па сите очекуваа дека Ѓоковиќ ќе го загуби мечот.
Меѓутоа, првиот рекет во светот не дозволи изненадување па во петиот сет победи со 6:2 и се пласира во осминафинале.