Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Радек Степанек тврди дека најдобриот тенисер во светот се повлекол во себе по дисквалификацијата од УС Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тие двајца соработуваа пред извесно време, а сега Степанек застана во негова одбрана по дисквалификацијата на Ѓоковиќ.
„Знам дека е многу тажен и повлече во себе. Страда затоа што го направи тоа без намера и тој факт ја зголемува неговата болка. Тешко му е затоа што знаеме колку е гладен за трофеи и има желба да стане човек со најмногу гренслем титули. Убеден сум дека можеше да го освои трофејот во Њујорк. Тешко му е, се труди да биде подобар“, вели Степанек.