Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека ќе учествува на Австралија Опен.
Српскиот тенисер објави дека ќе биде „исклучок“ и порача дека е спремен да се натпреварува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ми годеше да бидам со своето семејство и со пријателите, се одморив од долгата и успешна сезона во 2021. Сега патувам за Австралија затоа што добив исклучок и спремен сум да живеам и да дишам за тенисот во наредните недели“, порача Ѓоковиќ.
Ќе потсетиме, претходно настапот на Ѓоковиќ беше неизвесен затоа што на територијата каде што се одржува Австралија Опен задолжителна е вакцинацијата. Ѓоковиќ засега не објавил дали се вакцинирал или не.