Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон, во недела не очекува спектакл!

Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон, во недела не очекува спектакл!

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во финалето на Вимблдон каде што во недела ќе го брани трофејот освоен минатата година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во денешното полуфиналето Ѓоковиќ го победи Роберто Баутиста Агут со 3:1 во сетови, 6:2, 4:6, 6:3, 6:2.

Ова за Ѓоковиќ ќе биде шесто финале на Вимблдон во кое ќе се обиде да стигне до својот петти трофеј на овој Грен Слем турнир.

Ривал ќе му биде подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ денес одлично го одигра првиот сет на ривалот му препушти само два гема.Србинот имаше проблеми во вториот сет кога мораше два пати да го менува рекетот имаше и еден краток перкин. Но веќе во вториот сет Новак ги врати работите на свое место и повторно играше сигурно и се до крајот на мечот не му остави шанса на Шпанецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…