Раководните луѓе на Вимблдон денеска и официјално објавија дека бранителот на титулата од минатата сезона, Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да настапи на овогодинешното издание.
Ѓоковиќ не е вакциниран на Ковид, но во Белика Британија не е потребна вакцинација за спортски настани кои се одвиваат на отворено, па Ѓоковиќ доби дозвола за настап.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоковиќ, по финалниот меч на турнирот во Белград, кој го загуби од Русинот Андреј Рубљов, откри дека има здравствени проблеми.
„Нова“ пишува дека Ѓоковиќ имал вид на вирус кој трае седум или повеќе денови, а симптомите се висока температура и губење на енергијата.
Тоа значи дека не е ништо сериозни и Ѓоковиќ нема да има проблем да настапува на следните турнири.