Неодамна во медиумите се појавија информации дека Новак Ѓоковиќ е партнер со фудбалерот на Жерар Пике.
Имено, сите светски медиуми пишуваа дека Србинот заедно со дефанзивецот на Барселона инвестираат во промени во Дејвис купот. Сепак, Новак во последното интервју ги поздрави промените, но и додаде дека се изненадил кога прочитал за неговото партнерство со фудбалерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сум дел од никаква група која го финансира таквиот проект и не сум партнер со Жерар Пике, навистина се изненадив кога во медиумите прочитав за таквите информации. Да, пријатели сме со Пике често пати сме во контакт, тој доаѓа на турнирите, но повторно ќе повторам помеѓу нас не постои никакво деловно партнерство. Можам да кажам само дека ја поздравувам одлуката за промени“, изјави српскиот тенисер.