Љубителите на тенисот ќе можат да гледаат епско полуфинале на Австралија Опен помеѓѕ Федерер и Ѓоковиќ, откако Србинот денес со 3:0 го победи Раониќ во четвртфиналето.
Во првите два сета за Србинот беше доволен по еден брејк за да успее да дојде до предност од 2:0 (6:4 и 6:3).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во третиот сет Раониќ пружи најсилен отпор и успеа да го однесе сетот во тајм-брејк, но немаше сили да го освои, па Ѓоковиќ триумфираше со 3:0.
Во полуфиналето во Мелбурн ќе се гледа легендарниот дуел помеѓу Федерер и Ѓоковиќ, што ќе биде јулиблеен 50-ти дуел за двајцата тенисери.