Војчех Шчесни ќе се врати од пензија која ја објави пред еден месец и ќе го облече дресот на Барселона.
После повредата на Тер Штеген каталонскиот гигант беше во потрага по нов голман и испрати понуда до Шчешни, кој прифати да ја прекине пензијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Утре полскиот голман ќе пристигне во Барселона на лекарски прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот.
„Многу ја почитувам историјата на Барселона, станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Ја сфаќам тешката ситуација во која западна Барса со тешката повреда на Тер Штеген и сметам дека ќе беше големо непочитување од моја страна да не ја разгледам опцијата која ми се понуди“, изјави Шчешни.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Wojciech Szczesny WILL join Barcelona. He will undergo his medical tomorrow. 🇵🇱
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 25, 2024
(Source: @wlodar85) pic.twitter.com/rlyDIPQdcO