Марио Манџукиќ во изминатите неколку дена престојуваше во Катар каде се чекаше да го заврши трансфер во Ал Духаил.
Хрватот требаше да потпише договор на година ипол според кој би заработувал 10.5 милиони евра, а Јувентус би добил 5.5 милиони евра оштета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, италијанските медиуми сега пишуваат дека трансферот на 33 годишниот напаѓач пропаднал. Манџукиќ дури и ги поминал лекарските прегледи, но потоа настанал проблем поради кој Манџукиќ се вратил во Италија.
Оваа сезона не е прв пат на Манџукиќ да му пропадне трансферот истото се случи и со уште ден катарски клуб Ал Рајан. Тогаш медиумите пишуваа дека Манџукиќ се откажал кога видел во какви услови треба да тренира.
Со овој продолжува неговата агонија во Јувентус. Од кога е Маурицио Сари на клупата Манџукиќ не настапил на ниту еден официјален натпревар.
??????? ⚪️⚫️#Juventus – https://t.co/VdiktdtZ9x ‼️#Mandzukic–#Qatar (#alduhail): at the moment, there is no definitive economic agreement between the parties‼️ (Via @lentuzzo)
— calciomercato.it (@calciomercatoit) December 23, 2019
https://t.co/AJ2zZN4SKg