Дома Фудбал Англија Што предвидуваше Клоп за Бруно Фернандеш?

Што предвидуваше Клоп за Бруно Фернандеш?

Уште од неговите први натпревари за Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш стана клучна фигура во составот на Оле Гунар Солскјер.

Португалскиот ас веднаш покажа квалитет, неговиот придонес не помина незабележан, а ја освои и индивидуалната награда за најдобар играч во првиот месец во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мирор“ извади интересен коментар на менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп за Фернандеш по пријателскиот меч на „црвените“ со Спортинг Лисабон во текот на летото. Двете екипи ремизираа 2-2 во Њујорк, при што португалскиот играч од средниот ред го постигна првиот и асистираше за вториот гол на неговата екипа.

После натпреварот, Клоп отиде да му честита на Фернандеш, велејќи му: „Добра игра. Ти беше добар. Честитки за одличниот натпревар. Ти си врвен играч“.

На пресконференцијата, Клоп повторно беше запрашан да ја коментира играта на Фернандеш, кој уште тогаш беше поврзуван со Манчестер Јунајтед.

„Ако тој оди таму, тогаш ќе се соочиме со него. Тој очигледно е многу добар фудбалер. Веќе има неколку такви во Јунајтед, но овој трансфер веројатно ќе ги направи посилни. Нема да биде пријатно, но трансфер плановите на Јунајтед не се моја работа“, коментираше тогаш Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…