Дома Фудбал Репрезентации Што правеле во ФИФА? Овој човек 11 години играл за репрезентација за која не смеел!

Што правеле во ФИФА? Овој човек 11 години играл за репрезентација за која не смеел!

Фудбалерот Емилио Нсуе кој беше најдобар стрелец на последното издание на Африканскиот Куп на нации е во центарот на голем скандал.

Имено, поранешниот играч на Мајорка, Миделсброу и Бирмингем блесна на Купот на Африканските Нации со пет гола и така го освои признанието за најдобар стрелец. Но, сега е откриено дека тој 11 години играл за репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја без дозвола од ФИФА.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Нсуе е роден во Палма Де Мајорка и настапуваше за Шпанија до селекцијата за 21 година. За Шпанија на Мундијалот до 20 години во 2009 година собра три настапи. Настапи и за селекцијата до 21 година кога го замени Хуан Мата кога Шпанија стана европски шампион.

Две години подоцна тој побара дозвола да игра за Гвинеја, но ФИФА никогаш не даде авторизација на тој трансфер. Во декември 2013 година неговото барање било одбиено со објаснување дека е доцна за промена. Но, покрај тоа тој продолжи да игра за репрезентацијата се до денес кога ФИФА го суспендираше на шест месеци.

Поради оваа ситуација ФИФА ги поништи и двете победи на Гвинеја во квалификациите за СП 2026 во кои Нсуе постигна гол минатиот ноември. Вкупно Нсуе е стрелец на 23 гол за Гвинеја, а одигра повеќе од 40 натпревари. Во овој момент е член на третолигашот од Шпанија, Интер Сити каде што со 11 гола и две асистенции му помогна да избори опстанок.

Навистина е неверојатно како ФИФА дозволила 11 години Нсуе да игра за репрезентацијата на Гвинеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…