Шпанскиот тренер Лопетеги пред два дена беше именуван за нов тренер на Реал Мадрид, а веднаш потоа доби отказ на клупата на Шпанија и нема да ја води на Мундијалот.
Тој уште вчера го напушти кампот на репрезентацијата во Русија и замина за Шпанија. Па така, уште денес веќе може да се посвети на новиот клуб, а шпанските медиуми полека ги ‘копаат’ неговите стари изјави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера ‘ископаа’ како пред неколку години изјавил дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, а веќе денеска поради изјава од 2015. година треба да биде загрижен и Герет Бејл.
„Играчите кои играат за Реал Мадрид мора да даваат 100% од себе цело време. Ако не даваат тогаш треба да заминат. Ла Лига е потполно различна од Премиер лигата. Играч како него не би имал место во мојот тим.“ – изјави Лопетеги пред три години.
Доколку новиот тренер на Реал го има истото мислење за Бејл, Велшанецот веќе мора да почне да ги пакува куферите.